Италијанскиот премиер ќе поднесе оставка денеска или утре

Според некои западни медиуми, на прашањето да ги прокоментира наводите во италијанските медиуми дека Конте планира да поднесе оставка по седницата на кабинетот, изворот истакнал дека „тоа е веројатно, денеска или утре изутрина“.

417

Италијанскиот премиер Џузепе Конте веројатно ќе поднесе оставка до претседателот Серџо Матарела вечерва или утре изутрина, со надеж дека ќе добие мандат за формирање влада, изјавил неименуван владин извор.

Според некои западни медиуми, на прашањето да ги прокоментира наводите во италијанските медиуми дека Конте планира да поднесе оставка по седницата на кабинетот, изворот истакнал дека „тоа е веројатно, денеска или утре изутрина“.






Со поднесување оставка, Конте сака да го избегне ризичното гласање во Парламентот во текот на оваа недела поради спорниот извештај за судството и да добие повеќе време да убеди неколкумина пратеници да и дадат поддршка на владата, бидејќи минатата недела го загуби мнозинството во Сенатот.

Поврзани содржини