Италија ги затвора до 25. март сите продавници, освен аптеките и маркетите

Се затвораат сите продавници, козметички салони, барови и ресторани. Градскиот транспорт ќе продолжи со работа како и банките.

782

Италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека сите трговски објекти во Италија ќе бидат затворени до 25 март. Исклучок се продавниците за храна и аптеките.

Мерката е воведена со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.






Во телевизиско обраќање Конте нагласи дека фирмите треба да ги затворат сите оддели што не се одлучувачки за прооизводството.

Се затвораат сите продавници, козметички салони, барови и ресторани. Градскиот транспорт ќе продолжи со работа како и банките.

– Ќе го анализираме ефектот од мерките за две недели, изјави премиерот. Конте вчера објави карантин врз целата територија на државата до 3. април.

Поврзани содржини