Италија европски шампион, на пенали ја победи Англија

409

Репрезентацијата на Италија се искачи на континенталниот трон, откако во финалето на Европското првенство ја победи Англија по пенали со 4-3 (1-1), јави порталот Гол.

Пресметката на „Вембли“ имаше различни периоди, домаќинот рано поведе, а Бонучи ги врати „Аѕурите“ во игра. Иако дуелот можеше да биде решен порано, не беа искористени шансите па по подобро изведување казнени удари Италија втор пат стана европски првак.

Поврзани содржини