ИТАЛИЈА ЈА ДЕКЛАСИРА МАКЕДОНИЈА ВО РИМ, НАШИТЕ НАВИВАЧИ СИ НАПРАВИЈА СУПЕР ЖУРКА На „Олимпико“ ечеше македонската химна во изведба на Благој Нацоски

1,537

Селекцијата на Италија во Рим ја победи Македонија со 5-2 (3-0 на полувремето). во мечот од квалификациите за пласман на ЕП 2024.

Освен за подобрување на рејтингот, за Македонија овој меч немашe посебно резултатско значење, со оглед на тоа дека се загубени сите шанси за пласман на Европското првенство што ќе се одржи идната година во Германија. Но, бодовите им беа потребни на Италијанците, кои сѐ уште се борат за пласман на ЕП и евентуален негативен резултат на средбата ќе беше рамен на катастрофа.






Македонските навивачи во одлично расположение дојдоа на мечот против Италија на „Олимпико“ во Рим. Пред стадионот ечеа македонски песни.

Италијанците се покажаа како големи домаќини на денешниот натпревар против фудбалската репрезентација на Македонија. На нивна покана, македонскиот оперски пејач Благој Нацоски пред полниот стадион ја испеа македонската химна.

На последниот меѓусебен дуел кој се играше во Палермо, Македонија со голот на Александар Трајковски ја совлада Италија со 1:0 и обезбеди пласман во финалето на баражот за пласман на СП во Катар.

Фото: МИА

Поврзани содржини
na