ИСТЕПАЛЕ ПРОДАВАЧ ВО АРЕНА „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ Приведени насилници, го признале делото

Тие се сомничат дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.

337

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје по преземени мерки и активности, на 25 септември ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје.

Од МВР денеска соопштија дека тие се сомничат дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.






– Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка определена им е мерка домашен притвор, соопштија од МВР.

Поврзани содржини