ИСПРАТИЈА СООПШТЕНИЕ, ПА СЕ КОРИГИРАА МВР ги помеша Илинден и посетата на шпанскиот премиер

Причина за најавените мерки по сообраќајниците е официјалната посета на нашата држава на премиерот на Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон, а не реализација на предвидените манифестации по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, како што беше наведено во претходното известување.

275

Министерството за внатрешни работи го корегираше известувањето за  најавата за посебен сообраќаен режим во  центарот Скопје за утре.

Причина за најавените мерки по сообраќајниците е официјалната посета на нашата држава на премиерот на Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон, а не реализација на предвидените манифестации по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, како што беше наведено во претходното известување.






Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Поврзани содржини