ИСПЛАТАТА НА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ ЌЕ ДОЦНИ НЕКОЛКУ ДЕНА Причина е „непредвиден предизвик“ при надградбата на софтверот

Сакаме да ги увериме сите корисници дека нивните права се целосно обезбедени и дека исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните технички усогласувања, соопшти Минстерството за социјална политка.

97

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа.

„Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку дена“, соопшти Минстерството за социјална политка.






Сакаме да ги увериме сите корисници дека нивните права се целосно обезбедени и дека исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните технички усогласувања, се додава во соопштението.

„Надлежните служби работат интензивно на надминување на состојбата и на целосно ставање во функција на новиот систем. Ги замолуваат граѓаните за разбирање и трпение во овој преоден период, имајќи предвид дека станува збор за процес кој долгорочно ќе овозможи побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за сите корисници“, се вели во соопштението.

Министерството, се додава, останува посветено на модернизацијата на системот на социјална и детска заштита и навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни активности.

Поврзани содржини