МИЦКОСКИ НА СОСТАНОК СО ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ Имаат интерес за учество во капиталните инвестиции

На средба со стопанските комори разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, објави премиерот Христијан Мицкоски.

0

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево одржа состанок со претставници на стопанските комори и на градежните компании за можноста да учествуваат во реализацијата на капитални проекти.

„По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата“, објави премиерот Мицкоски на својот профил на Фејсбук.






Поврзани содржини