Исчезнал питон од дворот на неговите сопственици во Загреб

654

Во Загреб се трага по змија од видот кралски питон која исчезнала од дворот на сопствениците.

„Станува збор за тригодишна женка по име Зое, која е долга околу еден метар. Таа се сончала во градината, но нејзината сопственичка на кратко го оттргнала вниманието, по што змијата отползила во непознат правец“, напишаа од Центарот за животни „Думовец“ во објава на „Фејсбук“.






Откако сопственичката не ја нашла Зое, се решила да побара помош од сограѓаните и од Центарот за животни.

Од Центарот апелираат луѓето да не се плашат од змијата и да ги повикаат доколку ја забележат.

„Јавете ни се и ние ќе веднаш ќе ја преземеме. Иако Зое веројатно не би ви направила ништо, бидејќи е животно што не го познавате, не ја допирајте“, напишаа од Центарот.

Поврзани содржини