📽️ 📷 ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА Први снимки од местото, леталото е целосно изгорено

Хеликоптерот на Раиси, заедно со уште два хеликоптери, бил на пат кон градот Табриз, откако претходно вчера тој ја отвори браната Киз Каласи на границата со Азербејџан.

656

Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија.

И иранскиот потпретседател Мохсен Мансури ги потврди извештаите за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси.






„За жал, во неделата попладне хеликоптер со претседателот, министерот за надворешни работи и неколку други лица од придружбата се урна во регионот Варзган во провинцијата Источен Азербејџан“, претходно соопшти Министерството за надворешни работи на Иран.

Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати, пренесува ДПА.

Хеликоптерот на Раиси, заедно со уште два хеликоптери, бил на пат кон градот Табриз, откако претходно вчера тој ја отвори браната Киз Каласи на границата со Азербејџан.

Локалните власти присутни на местото на несреќата ја потврдија смртта на Раиси и другите патници, јави ИРНА.

Иранската влада за денеска свика итен состанок по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир Абдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Иранските државни медиуми емитуваат исламска молитва меѓу извештаите за смртта на Раиси и уште осум други лица откако хеликоптерот со кој патуваа се урна во иранската провинција Источен Азербејџан.

На профилот на Раиси на Х се објавени стихови од Куранот.

Мир со Ебрахим. Навистина, така ги наградуваме оние што прават добро. Тој беше еден од нашите верни слуги“, се вели во стиховите од Куранот на профилот на Раиси.

Раиси беше втората најмоќна фигура во политичката структура на Иран по врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

 

Поврзани содржини