Иран си ги бара милијардите долари замрзнати во јужнокорејските банки

Претседателот Рохани му наложи на директорот на иранската Централна банка да се вклучи во ова прашање преку правни канали и меѓународни форуми, пренесе Ирна.

349

Иран ја повика Јужна Кореја да ги ослободи иранските средства изразени во повеќе милијарди долари, што заради американските санкции се замрзнати во банките во Јужна Кореја.

– Забраната на Јужна Кореја нашата земја да ги користи ресурсите на Централната банка за купување на основни производи, лекови и хуманитарни средства на ниту еден начин не е прифатлива и очекуваме владата во Сеул да ги укине овие ограничувања што е можно поскоро – изјави иранскиот претседател Хасан Рохани за британските медиуми.






Тој му наложи на директорот на иранската Централна банка да се вклучи во ова прашање преку правни канали и меѓународни форуми, пренесе Ирна.

Рохани не кажа колку пари се замрзнати, но новинската агенција Борна го цитираше претседателот на Иранско-јужнокорејската трговска комора, Хосеин Танахи, кој соопшти дека во банките во Јужна Кореја се блокирани меѓу 6,5 и девет милијарди американски долари што му припаѓаат на Иран.

Поврзани содржини