📷 ИРАН ГО ИСМЕА ТРАМП СО ФОТКА ОД ДЕТСКИ ВОЛАН „Јас и ајатолахот“ стана меме

Иранската амбасада со симболична фотографија одговори на изјавата на Трамп за заедничка контрола врз Ормускиот теснец, претворајќи ја во дипломатски потсмев. Во сенка на тензии и непотврдени разговори, пораката од Техеран отвори нов фронт, овојпат симболичен, но силно политички.

593

Иранските дипломати со слика од детски волан јавно се потсмеаја со изјава на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој  претходно рече дека САД и Иран би можеле заеднички да го контролираат Ормускиот теснец.

На ова следеше реакција од иранската амбасада во Саудиска Арабија. На неа, детски волан-играчка е закачен на совозачко седиште од автомобил.






Техеран испрати ретка дипломатска порака во време додека војната трае. Додека Трамп најави дека имал добри разговори со Иран и најави дека го одложува за 5 дена нападот врз иранските електрани Техеран тврди дека немало комуникација и дека Трамп сам се повлекол,

Исто така, Трамп во Флорида изјави дека „договорот со Иран се приближува“.

– Јас и ајатолахот, кој и да е нивниот нов ајатолах – додаде тој.

Во меѓувреме, војната и заканите околу Ормускиот Теснец продолжуваат. Цената на барелот нафта утринава повторно надмина 100 долари, иако претходно падна за 10% поради изјавата на Трамп за одложување на нападите.

„Волстрит џурнал“ напиша дека две од Заливските земји размислуваат за вклучување во војната.

 

Поврзани содржини