ИРАН ЌЕ ЈА ТУЖИ РОМАНИЈА АКО ИМ ДОЗВОЛИ НА САД КОРИСТЕЊЕ НА СВОИТЕ БАЗИ Тоа ќе го смета за учество во воена агресија

Таков потег би бил неприфатлив според меѓународното право и би довел до меѓународна одговорност за Романија – порача Техеран.

3

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи, денеска изјави дека Техеран ја предупреди Романија дека политички и правно ќе реагира доколку Букурешт им дозволи на САД да користат бази на нејзина територија за операции против Иран.

Бегај ги повика државите да не се вмешуваат во војната.






– Доколку Романија ги стави своите бази на располагање на САД, тоа би било еднакво на учество во воена агресија против Иран – истакна Багаи.

Според него, таков потег би бил неприфатлив според меѓународното право и би довел до меѓународна одговорност за Романија.

– Тоа би било црна дамка во историјата на односите помеѓу Иран и Романија. Иран ќе реагира соодветно, и правно и политички – посочи Багаи.

Парламентот на Романија на 11 март го одобри барањето на САД за привремено распоредување воени сили и опрема во земјата поради војната во Иран. Претседателот на Романија, Никушор Дан, изјави дека опремата е строго одбранбена и ќе биде распоредена врз основа на стратешкото партнерство.

– Романците не треба да се грижат, земјата е побезбедна благодарение на зголеменото американско воено присуство – изјави тогаш Дан.

Поврзани содржини