Ипсилон сојот на ковид-19, кој потекнува од Калифорнија, може да биде отпорен на вакцините!

Овие мутации исто така може да ги „заобиколат“ природно создадените антитела кај луѓе кои имале ковид-19, заклучува истражувањето.

1,480

Ново истражување на научниците покажа дека вакцините против коронавирусот може да бидат неефикасни во однос на најновиот сој ипсилон, кој се појави во Калифорнија.

Оваа варијанта има дури три мутации на спајк протеинот (кој го врзува вирусот со клетката домаќин), а досегашните податоци покажуваат дека оваа комбинација го намалува дејството на постојните вакцини за дури 70 проценти, велат истражувачите од Универзитетот во Вашингтон и лабораторијата „Vir Biotechnology“ во Сан Франциско.






Според „Њујорк пост“, мутациите во овој вид ги неутрализираат антителата кои ги произведуваат вакцини како „Фајзер“ и „Модерна“ и со тоа штитат од инфекции, објавено е во списанието „Science“ на 1 јули.

Овие мутации исто така може да ги „заобиколат“ природно создадените антитела кај луѓе кои имале ковид-19, заклучува истражувањето.

Ефективноста на моментално постоечките вакцини може да се намали на само 50 до 70 проценти, наспроти овој вид, кој за првпат беше идентификуван во мај 2020 година.

За време на истражувањето, научниците открија дека еден од спајк протеините, ослабува 14 од 34 неутрализирачки антитела, пишува „sciencedaily.com“.

Генерално, дури 97 проценти од сите случаи на сојот ипсилон (откриени се вкупно околу 50.000) се во САД, од кои повеќето од половина се во Калифорнија.

Во меѓувреме, сојот делта, првпат откриен во Индија, во средата стана најдоминантниот вид на коронавирусот во светот.

Поврзани содржини