ИНВЕСТИЦИИ ВО ТРАНСПОРТОТ, ЗДРАВСТВОТО, ОБРАЗОВАНИЕТО И ОДБРАНАТА Статешкото партнерство со Обединетото Кралство значи силна економија
Ова партнерство значи инвестиции, силна економија и стратешка позиционираност на Македонија, оцени вицепремиерот Александар Николовски.
Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции во инфраструктурата, здравството и во образованието, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„Ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија“, напиша Николовски на неговиот Фејсбук профил.
Николоски заедно со владини министри присуствуваше на заедничката прес-конференција во Владата на премиерот Христијан Мицкоски и британскиот амбасадор Метју Лосон по повод постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади и претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, што е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер вчера на средбата во Тирана одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, постигнаа согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кој наредната недела треба да биде потпишан во Лондон.