ДА БЕШЕ ПУТИН ЖЕНА, НЕМАШЕ ДА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА Интересна анализа на британскиот премиер
Според него, лудата, мачо инвазија на Украина, е совршен пример за токсичната машкост, па премиерот повика на повеќе жени на моќни позиции.
Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја нападне Украина, доколку беше жена, смета британскиот премиер Борис Џонсон.
Според него, лудата, мачо инвазија на Украина, е совршен пример за токсичната машкост, па премиерот повика на повеќе жени на моќни позиции.
Џонсон се осврна на ова по Самитот на Г7, во интервју за германската телевизија ЗДФ.
– Да е Путин жена, што очигледно не е, но, да беше, навистина мислам дека не би се впуштил во луда, мачо војна за инвазија на Украина и насилство на начин на каков што тој го направи тоа. Доколку сакате совршен пример за токсична машкост, тоа е тоа што тој го прави во Украина – подвлече Џонсон.
Тој истакна дека иако лидерите на Г7 очајнички сакаат да заврши војната во Украина, моментално не постои договор за тоа.
– Западот мора да ја поддржи украинската воена стратегија, со цел претседателот Володимир Зеленски да се доведе до најдобра можна позиција во преговорите со Русија, кога ќе дојде до тоа -реќе Џонсон.