Институт за педагогија: Концепцијата има методолошки и дидактички недоследности

Имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието - информира Институтот за педагогија.

268

Членовите на Институтот за педагогија со мнозинство гласови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за осново образование.

– Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на нашата воспитно-образовна и општествена реалност и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието – информира Институтот за педагогија.






Од овие причини, како што наведува Институтот во известувањето, треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција.

– Проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и проф. д-р Лена Дамовска, кои се дел од работната група за подготвување на нацрт-концепцијата за основното образование, даваат безрезервна поддршка да продолжат реформите затоа што сметаат дека ќе се одвиваат етапно, додека проф. д-р Алма Тасевска беше воздржана – се наведува во дописот од Институтот за педагогија и неговата раководителка Јасмина Делчева-Диздаревиќ.

Поврзани содржини