ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Свечените изјави на советниците во Штип се неуставни
Свечените изјави треба да се усогласат со Уставот бидејќи тој е највисок правен акт кој произведува супериорно правно дејство и сите закони и прописи мора да бидат усогласени со него, се вели во решението.
Државниот инспекторат за локалната самоуправа констатира дека свечените изјави без уставното име што ги потпишаа штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се спротивни на Уставот.
Тоа, е заклучокот на инспекторите кои во решението ги опоменаа градоначалникот на Општина Штип и претседателот на Советот, јави дописничката на МИА.
Свечените изјави треба да се усогласат со Уставот бидејќи тој е највисок правен акт кој произведува супериорно правно дејство и сите закони и прописи мора да бидат усогласени со него“, се вели во решението.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Душко Иванов вели дека очекува да го види решението, кое до службите пристигнало доцна попладне, по што ќе имаат координација и ќе го кажат својот став како понатаму ќе постапат согласно добиеното решение од Државниот инспекторат. За в понеделник е закажана и трета седница на Советот, на којашто треба да се носи и ребаланс на буџетот.
Доколку мнозинството советници не постапи согласно добиеното решение од Инспекторатот во рокот кој им е даден, во тој случај можат да се соочат и со мерката „забрана за прописи“. Ова ќе значи целосна блокада на работата на Советот на општината.