ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ПОДНЕСЕНА СО ИМЕТО „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ Мицевски вели дека така стоело и во оригиналниот Договор со Бугарија
Поентата на целата оваа работа е да ги слушнеме граѓаните во нашава држава, доволно нашава држава, граѓаните, беа заложници на 64 пратеници од власта што даваат поддршка, ајде еднаш да ги слушнеме граѓаните и да слушнеме што тие мислат за прашањата кои што ги тангирааат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневното живеење на нашите граѓани, рече Мицевски.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ја поднесува Иницијативата за започнување на процедура за утврдување на уредноста на Иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот кој што ВМРО-ДПМНЕ го најави, информираше Никола Мицевски, координатор на групата.
Тој изјави дека собрале околу повеќе од 650 потписи за не повеќе од половина час.
Мицевски дополни дека Иницијативата е поднесена за Законот на ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија, како што рече „онака како што беше и донесен во 2018 година, согласно тогашното и она име со кое ова законско решение е во сила“.
На новинарско прашање дали смета дека тоа ќе биде формално правна пречка за да помине иницијативата, тој одговори апсолутно не.
– Апсолутно не, бидејќи во 2018 година, кога е донесен договорот и самото име на договорот е Договор за добрососедство, пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија – додаде Мицевски.
На прашањето кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието.
– Доколку не го помине првиот филтер, се надевам на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство, затоа што гледаме дека не сите пратеници од владејачкото мнозинство гласаа за францускиот предлог – рече тој.
Мицевски се надева дека ќе биде слушнат гласот на народот.
– Поентата на целата оваа работа е да ги слушнеме граѓаните во нашава држава, доволно нашава држава, граѓаните, беа заложници на 64 пратеници од власта што даваат поддршка, ајде еднаш да ги слушнеме граѓаните и да слушнеме што тие мислат за прашањата кои што ги тангирааат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневното живеење на нашите граѓани – рече тој.