ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕВРОЗОНАТА ПОРАСНА НА 2,5% Дали ќе се зголеми и основната каматна стапка?
Европската централна банка (ЕЦБ) има цел годишната стапка на инфлација на среден рок да изнесува два отсто.
Инфлацијата во еврозоната нагло се зголеми по порастот на цените на нафтата предизвикан од војната меѓу САД и Ирак против Иран, јави ДПА.
На годишно ниво, цените на мало во март се зголемија за 2,5%, покажува првичната процена објавена денеска од статистичарите на Евростат во Луксембург. За споредба, во февруари стапката на инфлација изнесуваше 1,9%.
Економистите очекуваа малку поголем пораст, односно во просек околу 2,6%.
Европската централна банка (ЕЦБ) има цел годишната стапка на инфлација на среден рок да изнесува два отсто.
Во споредба со февруари, цените се зголемија за 1,2%, а аналитичарите очекуваа пораст од 1,3%.
-Масовниот пораст на цените на енергијата ја катапултира инфлацијата нагоре во март – изјави главниот економист на Комерцбанк, Јерг Кремер, додавајќи дека „најдоцна до мај, веројатно ќе надмине 3%“.
Доколку тоа се случи, високите трошоци за енергија би ги зголемиле и цените на многу други стоки зголемувајќи ја основната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата – и сè уште не се зголемила во март.
– Зголемениот инфлациски притисок сугерира дека ЕЦБ ќе ги зголеми своите клучни каматни стапки најдоцна во април или јуни- додаде Кремер, пренесен од германската агенција.