ИНФЛАЦИЈАTA Е ВО НОРМАЛА, СО СДСМ ИЗНЕСУВАШЕ 20% Мерките на владата даваат ефект, вели ВМРО-ДПМНЕ

Владините мерки како Училишната кошничка, Новогодишна кошничка, Божиќна и Рамазанска кошничка дадоа ефект за намалување на цените во маркетите, а во меѓувреме се работи и на конечно решение за ќар и на потрошувачите и на производителите, велат од ВМРО-ДПМНЕ спомнувајќи ги зголемувањето на пензиите, на капитацијата за матините лекари, инвестициите во енергетиката и поддршката од 250 милиони евра за општините.

177

За само една година, се зголемија платите во образованието, здравството, културата, полиција, социјала и администрација. Како никогаш досега, се зголемија пензиите за 5.000 денари, а до март следната година пензионерите ќе добијат уште 2.000 денари, што значи вкупно 7.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Зголемен е капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози. Странски директни инвестиции во вредност над 1 милијарда и 255 милиони евра, рекордни во независна Македонија.






Општините поддржани со 250 милиони евра, како и бизнис секторот, кој по најповолни каматни стапки добива кредит од државата за да инвестира во Македонија. Цената на електричната енергија не порасна ниту за 1%. Остана иста како и пред година дена.

Мерките како Училишната кошничка, Новогодишна кошничка, Божиќна и Рамазанска кошничка дадоа ефект за намалување на цените во маркетите, а во меѓувреме се работи и на конечно решение за ќар и на потрошувачите и на производителите.

Инвестиции од 1,5 милијарди евра во енергетиката, со што ќе се отворат нови работни места. Инфлацијата е во нормала и намалена, во рамките на инфлацијата и со ЕУ. Јавниот долг е намален, имаме зголемени историски приходи во Буџетот, после долго време ребаланс на Буџет се направи поради суфицит. Земјоделците добиваат редовни субвенции, околу 11 милијарди денари исплатени кон нив.

Ова е само дел што е направено изминатава година во делот на унапредување на животниот стандард на граѓаните. А да се потсетиме како беше.

Инфлација над 20%, граѓаните живееја со 150 денари на ден, сметките за електрична енергија се зголемија над 50% во време на СДСМ, пензиите се зголемуваа за 150 денари, а за платите да не ни зборуваме. Јавниот долг беше над 60% историски највисок, инвестициите како Фејсбук, Гугл и Формула 1 останаа во фантазијата на Заев, задолжени беа сите институции, вработени во Национални шуми, Водостопанство и Пошти, не земаа со месеци плата. Земјоделците беа заборавени, образованието тонеше и беше без учебници.

Ама затоа Заев и Филипче на мотори, јахти, по планини и мориња, купуваат авиокомпании, градат облакодери, фирми на кои им местеле тендери им купуваат автомобили, судии и обвинители ги штитат од прогон.

Нека кажат Филипче и Заев дали тешко се живее во државава? Како тие со нивните плати купија јахти, висококатници и акции во индиски авиокомпании?

Доста е веќе лицемерност и лажна загриженост од страна на СДСМ. Доаѓа времето на Македонија!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини