🎥 ИНЦИДЕНТ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ФРАНЦИЈА Ученици претепале девојче затоа што не се облекувало според исламот!
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази солидарност со нападнатото девојче, но повика на претпазливост при донесувањето заклучоци за околностите на нападот.
Француските власти покренаа итна истрага откако тројца тинејџери претепаа 14-годишно девојче пред нејзиното училиште, оставајќи го во кома. Полицијата привела тројца малолетници за убиство во обид, меѓу кои и девојче од истото училиште во кое учела и жртвата.
Обвинителите подоцна изјавија дека 14-годишната Самара се разбудила од кома, но дека била сериозно повредена во нападот, кој се случил пред колеџот Артур Рембо во областа Ла Мосон-Ла Пајлад во вторникот попладне.
Оттаму додаваат дека едно од обвинетите, 14-годишно девојче од истото училиште, признало дека ја претепало жртвата. Другите двајца уапсени малолетници се на возраст од 14 и 15 години. Мајката на жртвата Хасиба рекла дека ученичка од училиштето две и пол години ја малтретирал нејзината ќерка затоа што се облекувала и се однесувала премногу слободно за исламот.
– Навистина не разбирам зошто тоа девојче постојано ја напаѓа Самара, но има причина. Мислам дека тоа е затоа што Самара е малку послободна од некои ученици – рекла мајката, а пренесува „Гардијан“.
Хасиба смета дека оваа ученичка е главниот виновник за нападот. Таа додаде дека минатата година објавила фотографија од нејзината ќерка на социјалните мрежи и повикала да ја силуваат, поради што во јуни 2023 година била суспендирана на два дена од училиште.