Имбецилна одбрана на владата

Сè е фарса, сè е глуматање демократски процеси. И колку што тоа е тешко докажливо и прифатливо за едно партизирано и клиентелистичко општество, кое мисли дека е ослободено, токму одговорот на власта околу „перцепцијата“, ја издава нивната фаличност и лажност.

2,721

Според апологетите на власта и самата власт, перцепцијата за корупција растела затоа што растела борбата против корупцијата.

Ваква фразеолошка спрдачина не би бил способен ни фикусот да искаже.






Можеби требаше да додадат дека не се бореле премногу со корупцијата за да не помислиме дека премногу ја има.

Гледате во оваа имбецилна одбрана е содржана целата антидемократска и антикорупциска смисла и определба на оваа влада.

Сè е фарса, сè е глуматање демократски процеси. И колку што тоа е тешко докажливо и прифатливо за едно партизирано и клиентелистичко општество, кое мисли дека е ослободено, токму одговорот на власта околу „перцепцијата“, ја издава нивната фаличност и лажност.

Отсуството на вистинитост кај нив произлегува токму од нивниот приговор, кој само отфрла и веднаш наметнува проста алтернатива.

Суштината ја фалсификуваат токму со резимирање на суштинското и потоа преку негово извртување.

Нивниот релативизам е брат на режимскиот апсолутизам. И кога-тогаш, ќе ги присоединат и злоупотребат и двете нешта.

Тоа е само прашање на време, како што во моментот кога нема да ги одржува повеќе клиентилизмот и поткупот, ќе мора да прибегнат кон отворена агресија и насилие.

(ФБ статус на авторот)

 

Поврзани содржини