ИМА ПРАТЕНИЦИ КОИ САКААТ ДА ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Груби вели дека нема нови барања од Софија

За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот, напомена Груби во одговорот на новинарско пршање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново.

645

Според првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кај опозицијата има луѓе кои сакаат да се продолжи со евроинтеграцијата на земјата и да ги поддржат уставните измени во параламентот. Темата за референдумот, рече тој во одговор на новинарско прашање поврзано со најавите на опозицијата за референдумско изјаснување, ја туркаат политичари кои се обидуваат да го продложат опстојувањето во политиката.

– Мојот личен став и ставот на Владата е дека нема алтернатива за европска Македонија. И затоа придонес треба да дадат сите, бидејќи апсолутно сите граѓани, сите заедници, сакаат да ја видат нашата држава како членка на Европската унија. На ист начин, како што бевме заедно кога ја зачленуваме земјата во НАТО. Па така, треба да разговараме со пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за уставните измени, а такви ги има. За ова треба да се разговара, а не за дневно политички теми како што е референдумот, кои им служат на одредени политички актери за одржување во живот – напомена Груби во одговорот на новинарско прашање по завршувањето на Школата за млади лидери во Леуново.






Според Груби, нема нови барања, никакви нови документи и други нови очекувања освен постигнатото во добрососедскиот договор и договорот што министерот за надворешни работи Бујар Османи го потпиша неодамна во Софија.

– Останува истото што ѝ беше објаснето на јавноста и она што беше усвоено од Собранието на Северна Македонија. Граѓаните мора да бидат убедени и да ѝ веруваат на политичката елита во земјава дека ништо лошо нема да им се случи на моите сограѓани Македонци по однос на нивниот јазик, историја, култура и идентитет. Тоа нема да го дозволиме. Апсолутно тврдам, нема нови барања, ниту некакви нови документи – нагласи Груби во одговорот на новинарското прашање во врска со меѓудржавните односи меѓу РС Македонија и Бугарија по завршувањето на пригодната свеченост за завршување на Школата за млади лидери што се одржа во Леуново.

Поврзани содржини