ИМА МНОГУ МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ Иран тврди дека погодиле тајно место за собирање на американски пилоти и инженери во ОАЕ
Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти и дека флотата „Абрахам Линколн“ во северниот дел на Индискиот Океан била исто така цел на операцијата со четири крстосувачки ракети „Кадир 380“.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска објави дека ракети погодиле тајно место за собирање на американски инженери за летање и борбени пилоти пред една од американските бази во Обединетите Арапски Емирати, а според извештаите од терен и зголемениот сообраќај на амбулантни возила има голем број мртви и повредени.
Одделот за односи со јавноста на ИРГЦ изјави дека морнарицата на организацијата, како дел од 91-от бран на операцијата „Садек 4“, извршила напади врз воени и инфраструктурни цели на американско-израелските сили во јужните земји од Персискиот Залив.
Во соопштението се наведува дека во нападите биле користени балистички и крстосувачки ракети „Кадир“, како и беспилотни летала.
Се додава дека флотата „Абрахам Линколн“ во северниот дел на Индискиот Океан била исто така цел на операцијата со четири крстосувачки ракети „Кадир 380“.
Исто така, бил извршен напад врз американската единица беспилотни летала во базата Али Салем.
ИРГЦ објави и дека поморските системи на организацијата го следат сообраќајот во Ормускиот Теснец и дека „секое непријателско движење ќе биде дочекано со решителен одговор“ и додаде дека несигурноста во овој стратешки важен теснец е резултат на „криминалната и терористичка агресија на Соединетите Американски Држави“.