ИМА ЛУЃЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ КОИ СЕ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ Османи најави преговори со нив

На прашањето, кога ќе почнат одделните средби со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што ги најави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Османи рече дека има комуникации. 

280

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција рече дека предложените уставни измени ќе бидат доставени до Собранието откако ќе се исцрпат сите можности овој процес да биде консензуален, како и дека во меѓувреме ќе работат со, како што вели, идеолошката линија во ВМРО-ДПМНЕ која ги сфаќа последиците од изолирање на земјата.

Според Османи, во ВМРО-ДПМНЕ има едно крило, една идеологија од пратеници кои се за уставните измени и со нив ќе се преговара.






Со оглед дека се исцрпуваат сите можности со ВМРО-ДПМНЕ, вели Османи, паралелно ќе се работи „со идеолошката линија во партијата која е за брзата патека за интеграција на државата, а не за патеката на држави со отворени прашања“.

– Убеден сум и веќе гледам сигнали во ВМРО-ДПМНЕ за една идеолошка поделба во однос на она што го зборувам, има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ кои упорно аргументираат дека не смееме да ја пропуштиме шансата сега во Уставот да се направи таа јасна дистинкција дека Бугарите се овде малцинство. Комплетна идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кои ги сфаќаат последиците од изолирање на земјата и влегување во втората патека – рече Османи.

Во владејачките партии, тврди тој, нема дилема дека треба да се поддржат уставните измени и тоа веќе е формализирано низ телата на доминатните политички партии.

– Ова што го зборувам за ВМРО – ДПМНЕ е цела идеолошка линија која што се рефлектира на сите нивоа на партијата, од пратеници, до членови на извршен комитет, до обични членови коишто не сакаат земјата да остане заложник на амбицијата на еден човек по секоја цена иако неподготвен очигледно нзаради тоа што гледаме што се случува во Бутел, како на секој начин се обидуваат да создадат меѓуетнички тензии ,создавајќи тензии со соседите, создавајќи тензии и поларизација во општеството дека тоа не е иднината за оваа држава. Иднината на оваа држава е соработка, хармонија, толеранција и има такви луѓе коишто ја гледаат разликата и нема да дозволат државата да биде заложник на таквите амбиции – рече Османи.

На прашањето, кога ќе почнат одделните средби со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што ги најави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Османи рече дека има комуникации.

– Има комуникации и тоа не во форма на притисок туку за да се образложат аргументите, а на нив ќе остане на крај на која патека ќе ја остават државата – наведе Османи.

Според него, таквата комуникација не е притисок затоа што смета дека е должност на секој пратеник да биде точно информиран за што се работи. Неговиот глас, истакнува, ќе ја утврди иднината на оваа држава за наредните децении.

Шефот на дипломатијата потенцираше дека сите познавачи на приликите  гледаат досега невидена динамика во ЕУ по однос на потребата за брза лента за Западен Балкан, што, посочи,  значи дека е историска можност за нас да влеземе на неа.

Тој повтори дека ако не се завршат уставните измени, завршува скринингот, Албанија продолжува со поглавјата, се создава нова група, веќе Србија, Црна Гора, Албанија коишто преговараат и втората група Северна Македонија, БиХ и Косово коишто не преговараат.

Поврзани содржини