ИМА ЛИ ВРСКА ЕКСПЛОЗИВОТ ПРОНАЈДЕН ВО СРБИЈА СО УНГАРСКИТЕ ИЗБОРИ? Поранешен унгарски разузнавач вели – со денови се зборуваше за лажен напад врз гасовод во Србија

Слични сомнежи изрази  и украинското Министерство за надворешни работи, откако Унгарија го впери прстот кон Украина.

755

Моќниот експлозив пронајден во близина на гасоводот во Србија што транспортира руски гас до Унгарија предизвика политичко внимание во Унгарија во чувствителен момент, неколку дена пред парламентарните избори.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал по телефон за откритието, кое, според нив, се случило пред градот Кањижа, во близина на унгарската граница со Србија.






Министерот за надворешни работи на Унгарија Сијарто изјави дека

Поранешен унгарски разузнавачки службеник изјави за Ројтерс дека во последните денови во унгарските безбедносни кругови имало дискусии за прецизен план за операција „лажно знаме“ за влијание врз гасовод во Србија, како дел од обидот да се влијае врз унгарските избори.

-Можеме да достигнеме точка, драматуршки момент, кога ќе биде сосема веродостојно за јавноста дека, на пример, некоја унгарска агенција за спроведување на законот или армијата ќе најде експлозивна направа покрај критична инфраструктура. Значи, тие наоѓаат таква експлозивна направа, го гледаат чудото, некаков „украински“ текст на неа, кој не е толку тешко да се добие од советско време, ја кријат, па дури и ја внесуваат во земјата – вели Петер Бода.

Андраш Рац, експерт за Русија, објави статија на 2 април во која наведува дека не е исклучено таков лажен напад да биде извршен во Србија.

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, исто така, фрли сомнеж врз изјавите на лидерите, велејќи дека тие се чини дека се насочени кон подобрување на изборните изгледи на Орбан.

– Неколку луѓе јавно посочија дека нешто „случајно“ ќе се случи на гасоводот во Србија на Велигден, една недела пред унгарските избори. И така се случи- изјави Маѓар.

Слични сомнежи изрази  и украинското Министерство за надворешни работи откако унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го впери прстот кон Украина.

Киев „решително ги отфрла обидите за поврзување на Украина со експлозиви пронајдени во Србија во близина на гасоводот Турски тек“, рече портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихи.

Во објава на X, портпаролот рече дека Украина нема никаква врска со таа операција.

„Ова најверојатно е руска операција под лажно знаме, дел од поширокото мешање на Москва во унгарските избори“, додаде тој.

Поврзани содржини