ИМ ПОМАГАМЕ НА НАПАДНАТИТЕ, А НЕ НА НАПАЃАЧИТЕ Освен тенкови, министерката Петровска не кажува што друго ѝ донираме на Украина

Транспортот на тенковите беше видлив, но ние нема сега да соопштуваме за колкава количина на воена опрема станува збор, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.

1,393

Владата има донесено три одлуки за донирање воена опрема на Украина, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг со новинарите.

Таа не прецизираше за каква точно воена опрема станува збор, бидејќи, како што рече, одлуките се класифицирани поради безбедносни причини.






– Едната одлука е за тенковите кои веќе граѓаните ги видоа на патиштата низ Македонија. Транспортот на тенковите беше видлив, но ние нема сега да соопштуваме за колкава количина на воена опрема станува збор. Одлуката е донесена врз тоа да се помогне на тој што е нападнат, а не на тој што напаѓа. Од првата одлука до сега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Тие содржат внатре детали што и каков вид на опрема и во која количина се донира. Од првата одлука кога ја донесе Владата на својата седница на предлог на Министерството за одбрана, во јавноста беше искомуницирано и соопштено дека носиме одлука за донација и во сите три случаи се следеше тој пример, притоа информацијата која што беше споделена експресно со јавноста е дека донесовме одлука за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија. Детали не беа соопштени од безбедносни причини, но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина – рече Петровска на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод претстојното одбележување Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.

Таа додаде дека одлуките за донација на воената помош на Украина е апсолутно одлука на суверена држава, без разлика на тоа што сме членка на НАТО.

Поврзани содржини