ИМ ДАЛА 25.000 ЕВРА ЗА ДА НЕ ГО ТЕПААТ НЕЈЗИНИОТ БОЛЕН БРАТ?! Малолетници уценувале соученичка во Скопје

Ученици од основно училиште во скопската населба Бит Пазар уценувале соученичка, поради што нејзиниот татко го пријавил случајот во полиција. Девојчето, под притисок од заканите, во повеќе наврати земало пари од семејниот дом.

4,325

Во полицијата во Скопје било пријавено дека малолетна ученичка од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар била уценувана од двајца соученици, кои подолго време ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој има здравствени проблеми, доколку не им дава пари.

Како што информираше МВР, случајот бил пријавен во петокот во 00:30 часот во СВР Скопје од нејзиниот татко, 52-годишен жител на Скопје.






Според пријавата, поради страв за братот, девојчето во повеќе наврати им давало пари на соучениците, а вкупниот износ кој го одзела од дома достигнал 25.000 евра.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини