ИЛИ ТОА ИЛИ ВОЈНА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Ерменскиот премиер ги убедува пограничните села да се предадат на Азербејџан

Ние (владата) можеме да заминеме одовде и да му кажеме на (Азербејџан) дека нема да направиме ништо. Тоа значи дека војната ќе започне до крајот на оваа неделa, рече ерменскиот премиер во снимката од средбата со селаните.

935

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан им рече на жителите на пограничните села во провинцијата Тавуш дека доколку Ереван не постигне компромис со Азербејџан во врска со енклавите од советската ера, војната може да избие таму до крајот на оваа недела, пишува руски Тасс.

– Ние (владата) можеме да заминеме одовде и да му кажеме на (Азербејџан) дека нема да направиме ништо. Тоа значи дека војната ќе започне до крајот на оваа недела – рече Пашинјан во снимката од средбата со селаните.






Според Тасс снимката ја објавила ерменската влада.

– Знам што ќе се случи кога таа војна ќе заврши – рече Пашинјан објаснувајќи им на локалното население дека по завршувањето на вооружениот конфликт, цивилите ќе го прашаат зошто не ги предупредил однапред ако знае што следува.

Поврзани содржини