Ибрахимовиќ се огласи за инцидентот со Лукаку, еве ја неговата порака (ФОТО)
Во светот на Златан нема место за расизам. Сите ние сме иста раса и сите сме еднакви. Сите ние сме фудбалери, само некои се подобри од другите, беше пораката од Ибрахимовиќ.
Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку беа во фокусот на вниманието поради нивната расправија за време на синоќешното градско дерби помеѓу Интер и Милан. И двајцата постигнаа по еден гол за своите екипи, а на крајот Интер се радуваше на победа и пласман во полуфиналето на Купот, благодарение на прекрасниот гол на Кристијан Ериксен во 97 минута.
Двете ѕвезди на двата тима најпрво започнаа кавга, а потоа малку недостасуваше кавгата да се претвори во физичка пресметка. Двајцата фудбалери си разменија повеќе навредливи зборови, а еден збор што го кажа Златан посебно побуди внимание, а некои потенцираа дека тоа било расистичка навреда.
Но, Швеѓанецот реши да се јави преку социјалните мрежи и да демантира дека сакал расистички да го навреди некогашниот соиграч Лукаку.
„Во светот на Златан нема место за расизам. Сите ние сме иста раса и сите сме еднакви. Сите ние сме фудбалери, само некои се подобри од другите“, беше пораката од Ибрахимовиќ.
In ZLATAN’s world there is no place for RACISM.
We are all the same race – we are all equal !!
We are all PLAYERS some better then others.https://t.co/DhguHUOFte— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) January 27, 2021