И УКРАИНА ГО ЛЕГАЛИЗИРАШЕ БИТКОИНОТ Зеленски побрза да се качи на крипто-возот

Додека во Ел Салвадор биткоинот е ставен на рамниште на национална валута, и со него ќе може да се плаќа насекаде, во Украина ќе можете да тргувате само на берзи, а ќе плаќате како и досега – со украинската гривна. Иако само две земји ги легализираа криптовалутите, пет земји во светот имаат воспоставено основни правила за пазарување со дигиталните токени.

860

Нов закон со кој биткоинот ќе биде легален за тргување во Украина чека да биде потпишан од претседателот Володимир Зеленски, а тоа ќе ја направи земјата втора во светот да легализира криптовалути, јавува МИА. За разлика од Ел Салвадор каде што вчера граѓаните на нож ја дочекаа одлуката за легализација, Украинците веќе со години разменуваат биткоини на сивиот пазар.

Новиот закон, кој бил предложен уште во 2020 година, предвидува одредени мерки за заштита од измама за имателите на биткоин и други криптовалути, а пратениците во Врховната влада ја дефинираа и основната терминологија во светот на криптовалутите, како што се термините виртуелна сопственост, дигитален паричник, приватни клучеви итн.






Има и една друга разлика меѓу Украина и Ел Салвадор во легализацијата. Додека во Ел Салвадор биткоинот е ставен на рамниште на национална валута, и со него ќе може да се плаќа насекаде, во Украина ќе можете да тргувате само на берзи, а ќе плаќате како и досега – со украинската гривна.

Иако само две земји ги легализираа криптовалутите, пет земји во светот имаат воспоставено основни правила за пазарување со дигиталните токени. Шведска, на пример, воведе своја криптовалута наречена е-крона.

Поврзани содржини