И три докторки од Пулмологија инфицирани со ковид-19

Две докторки, за среќа, досега не пројавиле никакви симптоми на болеста.

1,572

Три докторки вработени на Клиниката за пулмологија се позитивни на ковид-19, потврди и за Плусинфо директорот на оваа установа, проф. д-р Дејан Докиќ, каде досега се откриени седуммина заразени со  новиот вирус.

Две докторки, за среќа, досега не пројавиле никакви симптоми на болеста.






Со трите новопотврдени досега седум здравствени работници од Клиниката се позитивни на коронавирусот. Докиќ за МИА посочи дека докторките од 30 март се во домашна изолација и вчера им било направено тестирање кое покажало дека се позитивни.

Директорот Докиќ појасни дека ниту еден од вработените не се заразил од синот на починатата пациентка од Куманово, кој бил хоспитализиран на оваа клиника пред околу еден месец.

–  Првозаразената наша вработена е медицинска сестра од Куманово, која со вирусот се заразила во местото кадешто живее. Најверојатно дека докторките и другите медицински лица меѓусебно се инфицирале, можеби додека престојувале во чајната кујна на клиниката – вели д-р Докиќ.

Тој додава дека сите коишто прегледуваат и лекуваат пациенти на Пулмологија носат заштитна опрема.

 

Поврзани содржини