И ОД ЕУРОСПОРТ СЕ ЗЕЗНАЛЕ Копија на Меси заведувал жени претставувајќи се како фудбалерот
Поради големата сличност често се случува на улица да го застанат фанови на Меси и да побараат селфи мислејќи дека е познатиот фудбалер. Ваква грешка направиле и од Еуроспорт кога во прилог за Меси ставиле слика од Реза.
Реза Парастеш, млад дечко од Иран, стана вистинска ѕвезда благодарение на неговиот изглед кој е благо речено копија на Меси. Според неговите фотографии, тој изгледа како брат близнак на славниот фудбалер. Тоа го направи Реза ѕвезда на социјалните мрежи, па на Инстаграм има над милион следачи.
View this post on Instagram
Поради ваквата сличност често се случува на улица да го застанат фанови на Меси и да побараат селфи мислејќи дека е познатиот фудбалер. Ваква грешка направиле и од Еуроспорт кога во прилог за Меси ставиле слика од Реза.
View this post on Instagram
Во шпанските медиуми излезе и вест дека копијата на Меси ја користел својата сличност со фудбалерот и да заведува девојки. Оваа вест била демантирана од Реза кој додал дека девојките биле запознаени дека тој не е Меси. Некои од девојките кои разговарале со медиумите велат дека биле злоупотребени.