И луѓе од кабинетот на Филипче се вакцинирале во Србија?!
Поранешниот заменик министер за економија Колемишевски е во друштво со најблиските соработници во кабинетот на Венко Филипче.
На социјалните мрежи е објавена фотографија од некогашниот член на Нокаут, Кире Колемишевски и заменик министер за економија како се вакцинира во Србија.
Тој е во друштво со најблиските соработници во кабинетот на Венко Филипче.
– Малку незгодно да те фати ако Кире Колемишевски, висок партиски функционер и министер, па Јован и Сандра од кабинет на Венко Филипче, инаку министер за здравство, се фатени на фотографија за странски медиум како чекаат ред во Ниш за вакцинирање, нели? Kiril Kolemisevski ти ли си? Незгодно, ама не за Зоран Заев и Венко Филипче, гарант се на мотор некаде, м? – прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.