И ЛАНИ НЕМАШЕ ПОДАТОЦИ ЗА СРЕДСТВАТА ЗА УКРАСУВАЊЕТО Андоновски вели дека секоја одлука на Град Скопје мора да помине на Советот

И оваа година, а и минатата година тоа не беше направено. Колку за илустрација, Советот има гласано за донација за еден лаптоп или и најситната донација мора да помине во Совет. За оваа година има шпекулации, но нема информации до Советот за украсувањето, рече Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на ТВ Алфа.

223

Сите се чудат оваа тајност на украсување на град Скопје и не е прв пат и лани беше исто и немаше податоци од каде се средствата, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Град Скопје на гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Андоновски информираше дека има два начини за било што да се направи, тоа е јавна набавка или донација од правно или физичко лице, но таа треба да помине во Советот.






– И оваа година, а и минатата година тоа не беше направено. Колку за илустрација, Советот има гласано за донација за еден лаптоп или и најситната донација мора да помине во Совет. За оваа година има шпекулации, но нема информации до Советот за украсувањето – рече Андоновски.

Андоновски се осврна на како што рече една покрупна работа во градот.

– Пристигнат е предлог буџетот за Град Скопје и ниту една советник нема никаква информација за буџетот кој чини 100-тина милиони евра. Таа не кажува ништо, не комуницира со никого, а ги немаме ни програмите да видиме за кои проекти се средствата – е тоа е проблематично и покажува дека нема никаква комуникација. Советот нема информации за најклучните одлуки, а за буџетот има можност за амандмани – рече Андоновски.

Според него буџетот е просечен, но она што фрапира е зголемување на долгот, а не гледаме на што се потрошени парите, посебно затоа што нема големи инфраструктурни проекти во надлежност на Градот.

– Ако градоначалничката ги брои како проекти патувањата и панел дискусиите тогаш има проекти. Ама на пример зборува за проект 27 илјади метри квадратни парк во Аеродром јас нов парк не сум видел во општината, таму живеам – кажа Андоновски.

Андоновски нагласи дека законска обврска за Градот и градоначалничката е пред да земе кредит да дојде да објасни пред Советот.

– Ние свесно го блокиравме задолжувањето затоа што не ни објаснува како да стигнеме до квалитетен навремен превоз, што планира да прави со парите, какви автобуси ќе набавува и слично – кажа Андоновски.

 

Поврзани содржини