Џиџи Хадид ја покажа фигурата еден месец по породувањето и ги воодушеви обожавателите ФОТО

891

Една од најпопуларните модели во светот, Џиџи Хадид, на својот инстаграм-профил сподели со своите 60 милиони следбеници фотографија на која ја покажа својата фигура еден месец откако го роди своето прво дете.

Хадид и пејачот Зејн Малик станаа родители на девојче кон крајот на септември, а сега манекенката првпат објави селфи што го направила во огледалото, и ги воодушеви своите обожаватели.






Со објавата сакала да ги поттикне следбениците да излезат на претседателските избори и да го дадат својот глас, а тие за возврат ја опсипале со комплименти.

„Дури и после бременоста сè уште си слаба и прекрасна“, „Презгодна си“, „Вистинска убавица си“, „Неверојатно. Какво тело!“, се нижеле ласкавите коментари коишто ги добила Џиџи.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини