И ДЕВОЈЧИЊАТА ВО АВГАНИСТАН ЌЕ СЕ ВРАТАТ НА УЧИЛИШТЕ Талибанците ветуваат промени во образованието

Во саботата талибанците ги повикаа момчињата да се вратат во средно училиште, но не и девојчињата. Ова предизвика немир кај авганистанското население, кое се плаши од враќање на талибанскиот режим.

507

Авганистанските девојчиња ќе можат да се вратат на училиште што е можно поскоро, изјави денеска портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид.

– Ги завршуваме работите. Тоа ќе се случи што е можно поскоро – рече портпаролот.





Во саботата талибанците ги повикаа момчињата да се вратат во средно училиште, но не и девојчињата. Ова предизвика немир кај авганистанското население, кое се плаши од враќање на талибанскиот режим.
Талибанците денеска назначија нови министри и со тоа го завршија формирањето влада во која нема жени.
Министерски позиции добија личности кои се истакнале во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници.
Поврзани содржини