И ЧАДОТ ОД ПОЖАРОТ ВО ЖЕДЕН ДОАЃА КОН СКОПЈЕ Ангелов предупреди дека пожарникарите се исцрпени

Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково.

380

Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје, доаѓа и од пожарот што се одвива на планината Жеден некаде во атарот на селото Бојане.

Пожарот од тетовска страна полека се префрла кон скопската страна. Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов преку видео-порака.







Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари, во гаснење на пожарот се вклучени и колеги од Тетово.

– Очекувам во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз овој пожар, тежок за гасење – додаде Ангелов во изјавата.

Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково.

Ангелов предупреди дека пожарникарите се исцрпени, дека со денови се борат со огнените стихии и дека немале ден одмор бидејќи со денови има повеќе тешки пожари и во Скопје и во Тетово.

Поврзани содржини