И ЈАС ЧЕСТО КАЖУВАМ МАКЕДОНИЈА БЕЗ СЕВЕРНА Еуфоријата си го направи своето, рече Таравари за потегот на Сиљановска Давкова
Изјавата како претседател е со „Северна Македонија“, рече Арбен Таравари и додаде дека претседателот треба да биде пример за почитување на Уставот и изрази уверување дека Давковка отсега ќе користи „Северна Македонија“ и дека нема да ја повтори претходната ситуација.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој беше кандидат за претседател на Македонија од коалицијата Вреди, која почна преговори за состав на нова влада со ВМРО-ДПМНЕ, за дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека не е забрането кога се зборува јавно да се користи само Македонија, без „Република“ и без „Северна“.
– Често велам само Македонија, ниту „Република“, ниту „Северна“. Мислам дека г-ѓа Давкова сѐ уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања – рече тој за постапката на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која даде заклетва без користење на уставното име.
Изјавата како претседател е со „Северна Македонија“, рече тој и додаде дека претседателот треба да биде пример за почитување на Уставот и изрази уверување дека Давковка отсега ќе користи „Северна Македонија“ и дека нема да ја повтори претходната ситуација.