Хрватската старлета се фали дека зборувала со Никола Тесла, обожавателите плаќале за да го слушнат разговорот
На социјалните мрежи кружат објави во кои хрватската старлета Ава Карабатиќ се фали дека разговарала со Никола Тесла, и дека заедно направиле нов изум.
Таа објави на својот инстаграм-профил и „допишување со Тесла“, за да ги поткрепи тврдењата, а попатно ги повика фановите да се претплатат на нејзиниот канал на сајтот „Only Fans“, каде наводно ќе ги слушнат разговорите.
„Зборував со Никола Тесла на мобилен, човекот има далматински акцент, мислам дека сепак е Хрват, не сакаше да ми открие, но затоа подготвивме одличен изум“, напиша Карабатиќ во нејзината објава.
Овие бизарни тврдења, всушност вродиле со плод, судејќи по тоа што Карабатиќ подоцна го напиша.
Таа објави дека дури 93 обожаватели се претплатиле на нејзиниот „Only Fans“ канал за да го видат разговорот со Никола Тесла, и дека заработила 3.25 долари. Во објавата таа им се заблагодари на сите што уплатиле пари.
ФОТО: Index.hr