ХРВАТСКА ЗАБРАНИ СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ ДА БЛЕСКА НА ТРИБИНИТЕ „Фалангата“ ќе може да навива само со официјалното знаме

За безбедност и пријатно искуство на сите посетители, ве молиме придржувајте се до следниве правила за внесување знамиња во салата“, информираат од хрватската ракометна федерација.

719

Хрватската ракометна федерација го објави кодексот на однесување на навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.

Нивното известување вели: „За безбедност и пријатно искуство на сите посетители, ве молиме придржувајте се до следниве правила за внесување знамиња во салата“.






1. Максимални димензии на знамето: 200 cm x 150 cm (2 m x 1,5 m)

2. Забрането:

– Знамиња кои го покриваат погледот на другите гледачи.

– Знамиња со навредлива содржина или политички пораки.

3. Дозволени се само официјалните знамиња на земјите учеснички на првенството.

Објавено е точно кои знамиња смеат да бидат внесени во салата. Меѓу нив е официјалното државно знаме, но познато е дека навивачите често доаѓаат со знамето со сонцето од Кутлеш. Тоа сега е забрането.

Листата на предмети забранети за внесување во салите за време на натпреварите може да ја најдете ТУКА.

Деталите за внесувањето на знамињата може да ги прочитате ТУКА.

 

Поврзани содржини