ХРВАТСКА СО РАДИКАЛНИ МЕРКИ Забранет влез во болниците за вработените без сертификат

Ако некој не сака да се тестира, нема да може да биде на работа и тоа ќе биде внесено во евиденцијата за работното време и нема да добие надомест за тоа отсуство, вели министерот Берош.

412

Од 1 октомври, Хрватска воведува сертификат за здравствени работници, а условите за добивање се дека лицето ја надминало инфекцијата, дека е тестирано или дека е вакцинирано.

Ова на прес-конференција го соопшти министерот за здравство, Вили Берош, и посочи дека сите медицински работници, но и сите немедицински работници што влегуваат во болничкиот круг, мора да имаат сертификати за да извршат некоја друга активност.






Тој рече дека планираат тестирање двапати неделно и тие ќе бидат бесплатни, но тоа нема да трае засекогаш.

– Ако некој не сака да се тестира, нема да може да биде на работа и тоа ќе биде внесено во евиденцијата за работното време и нема да добие надомест за тоа отсуство – рече Берош и предупреди дека некој ќе создаде проблем во тој случај, бидејќи ќе биде неопходно да се обезбеди негова замена.

Отсуството од работа од овие причини ќе се третира според законот и за време на отсуството нема да примаат плата.

– Поважно е да се нагласи дека целата постапка во врска со сертификатот е насочена кон безбедност. Тоа нема цена – рече Берош.

Тој повтори дека нездравствените работници кои влегуваат во болничкиот круг како сервисери, доставувачи, пекари, исто така, ќе треба да имаат сертификати.

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, им рече на новинарите дека сѐ уште не се размислува за воведување на сертификати за ковид во образовниот систем.

– Имаме малку поголем број заразени лица од училиштата. Само 20 проценти се деца од училишта. Не би рекол дека училиштата се извор на инфекција. Што се однесува до ковид-сертификатите во училишниот систем, во моментов не размислуваме ниту планираме, но јасно е дека таквата можност е секогаш отворена – рече Чапак.

Поврзани содржини