ХРВАТСКА АКТЕРКА СПОДЕЛИ РОМАНТИЧНИ СЛИКИ СО 26 ГОДИНИ ПОМЛАДИОТ СОПРУГ Петра Дуганџиќ се омажи со младиот Африканец минатата година.

Актерката Петра Дуганџиќ повторно ги воодушеви своите следбеници објавувајќи фотографии од нејзиниот приватен живот со својот 26 години помлад сопруг.

130

Актерката Петра Дуганџиќ ги трогна своите следбеници на социјалните мрежи споделувајќи романтична фотографија со својот сопруг Мак Нобл, направена за време на еден од најубавите пролетни настани во Загреб – Фестивалот на светлата.

Двојката позира пред раскошно осветлена историска архитектура, осветлена од шарени проекции кои создаваат речиси бајковита атмосфера.






– Животот е 10 проценти она што ќе направите од него, а 90 проценти е начинот на кој го прифаќате – напиша таа покрај нивните фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petra Dugandzic Noble (@5ranoble)

За потсетување, Петра и Мак се запознале во Африка. Актерката вели дека таа сакала да остане таму, но Мак сакал да оди во Европа.

Кога му истекла визата, тој морал да се врати во Нигерија, но двојката не се откажала од намерата да бидат заедно, па се венчале во Нигерија.

Поврзани содржини