Хрватска актерка си ја отвори душата, раскажа што барал режисерот од неа: Во филмот треба да си гола, соблечи се сега!
Кармен Ловриќ се охрабри и на Фејсбук напиша исповед за тоа како била уценувана.
И хрватската актерка Кармен Ловриќ (34), позната по улогите во сериите „На граница“ и „Роза на ветровите“, се охрабри и на Фејсбук раскажа како била малтретирана и сексуално уценувана.
– Бев млада и добив понуда за филм. Режисерот предложи да се сретнеме со него затоа што тоа му олеснува. Пред мене е уште една актерка, а подоцна пристигнува продуцент, тој работи од дома… Секако, се согласив, па тој е во ред, ќе зборувам за улогата, за филмот. Се разбира, не беше во ред! „Треба да се соблечеш во филм, па соблечи го сега, онака фул заводливо“. „А ако треба да пушиш, може ли да ми покажеш како да би го одработила тоа?“. И јас не ја добив улогата, можеби дури и не постоеше, кој знае… Само се прашувам дали ја имаше таа друга актерка пред мене и дали се соблече – напиша Кармен на Фејсбук.
Тоа не било последен пат да биде сексуално уценувана. Прочитајте ја нејзината исповед на Фејсбук: