Хрват бил половина час клинички мртов, при реанимација му скршиле ребра, па фатил коронавирус, ама преживеал
По закрепнувањето Стјепан го посетил тимот кој го спасил и на сите им подарил привезок среце.
Стјепан Медвједиќ 952) од Крапина во Хрватска бил дури 30 минути клинички мртов. Во живот го вратиле од тимот на Итна помош, пренесува Индекс.
На Стјепан му се слошило на 10 октомври, се онесвестил во дворот пред неговата куќа. За осум минути стасала Итната помош, но клучна улога одиграла сосетката на пациентот, која е медицинска сестра. Таа лаички почнала да го реанимира и кога стасала Итната помош продолжиле со ранимацијата со апарати. Откако два пати му дале шок, добиле срцева реакција, му аплицирале лекови и итале кон клиниката во Крапина. Пациентот успеал самиот да дише пред да стаса во болницата.
– Во магла се сеќавам дека возачот возеше како луд, дека лекарката врескаше: „Побрзо, го имаме, го немаме“. Ама мене сето тоа ми е матно – се сеќава Стјепан.
Од моментот кога му се слошило до успешното реанимирање поминало половина час.
– Тој се онесвестил поради пореметување на работата на срцето. Срџето му застанало и тоа беше голема борба. Кога се поврати, ни одговараше на прашањата, ама тој не се сеќава на тоа. Првите зборови во текот на транспортот му биле: Да го е..м, се ме боли – се смее д-р Иван Милош.
По прегледот во болница, тој веќе бил целосно стабилен. Но морал да оди на шиење бидејќи при падот удрил со главата во бетон. При ранимацијата пак, му биле скршени ребра. Опоравувањето не било ни брзо ни лесно. Му бил вграден кардиовертер. Додека со скршени ребра лежел добил воспаление на белите дробови и згора на сѐ се заразил и со коронавирус. Заздравувал еден месец и ослабел 12 килограми.
По закрепнувањето Стјепан го посетил тимот кој го спасил и на сите им подарил привезок среце.
