ХРАНА, ПИЈАЛАК И ОВОШЈЕ ЗА 1.810 УЧЕНИЦИ Кавадарци успешно го имплементира проектот „Бесплатен оброк за секое дете“

Менито е нутриционистички изготвено и вклучува разновидна храна, пијалак и овошје, вели градоначалникот Јанчев.

118

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев сподели дека успешно се реализира проектот „Бесплатен оброк за секое дете“ во кој ќе бидат опфатени 1.810 ученици од прво до петто одделение во сите основни општински и подрачни училишта.

„Проектот „Бесплатен оброк за секое дете“ кое ги опфаќа учениците од прво до петто одделение во сите основни општински и подрачни училишта, успешно се имплементира и од почетокот на новата учебна година, кон што и се стремиме како Општина и истиот се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците“, напиша Јанчев на социјалната мрежа Фејсбук.






Тој додава дека со овој проект вкупно опфатени се 1.810 ученици од прво до петто одделение, како и дека менито е нутриционистички изготвено и вклучува разновидна храна, пијалак и овошје.

Поврзани содржини