ХОРОР ВО СЛАВОНСКИ БРОД Син си ги убил родителите

Полицијата пронашла мртви тела на две лица - 76-годишен маж и 78-годишна жена, а набрзо потоа е уапсен нивниот 45-годишен син кој е под сомнение дека извршил двојно убиство.

1,338

Свирепо двојно убиство е откриено денеска во Славонски Брод, во Хрватска.

Полицијата околу 13 часот и 50 минути добила пријава за сомнение за двојно убиство и испратила патрола на терен.






На местото на настанот пронашле мртви тела на две лица – 76-годишен маж и 78-годишна жена. Хрватските медиуми пренесуваат дека 45-годишен маж е уапсен под сомнение за двојно убиство. Според неофицијалните информации, станува збор за синот кој ги убил родителите.

-Бабата и дедото беа многу стари. Бабата секое утро одеше до гробиштата, потоа на миса, а потоа на пазар, каде што собираше овошје и зеленчук и шишиња. Имаа многу тежок живот. Еден од нивните синови почина пред неколку години – вели еден од соседите на семејството, пренесува Индекс.хр.

Поврзани содржини