📽️ ХОРОР ВО ХАМБУРГ, ЖЕНА СО НОЖ ПРОБОДЕ 12 ЛИЦА Страшна случка на главната железничка станица, шестмина повредени се во критична состојба

Пожарникарите од Хамбург изјавија дека шест од жртвите се во критична состојба и се борат за живот. Другите тројца повредени се со сериозни повреди, додека останатите тројца се со повреди од помал интензитет.

848

Околу 18:05 часот, на платформа помеѓу шините 13 и 14 на главната железничка станица во Хамбург, се случил напад со нож на повеќе лица. Според информациите од германската полиција, 39-годишна жена, која веднаш била уапсена на самото место, без причина нападнала патници на перонот.

Во нападот биле повредени вкупно 12 лица – шестмина се со животозагрозувачки повреди, тројца се сериозно повредени, а уште тројца имаат полесни повреди.

 






@blick 🚨🌲 Eine Frau sticht am Freitagabend am Hamburger Bahnhof wild um sich und verletzt mindestens zwölf Menschen. • 👉Erfahre mehr über die Hintergründe in unserer Bio. • #Hamburg #Messerattacke #Deutschland ♬ Originalton – Blick

„Осомничената е женско лице и дејствувала сама“, потврдија од полицијата, додавајќи дека засега не се пронајдени дополнителни лица поврзани со нападот.

Среде инцидентот, властите веднаш ги затвориле четири железнички траси и спровеле голема полициска операција на местото на настанот.

Пожарникарите од Хамбург изјавија дека шест од жртвите се во критична состојба и се борат за живот. Другите тројца повредени се со сериозни повреди, додека останатите тројца се со повреди од помал интензитет.

 

Железничкиот сообраќај бил привремено прекинат, а компанијата „Deutsche Bahn“ објави дека полицијата ги прегледува сите околни области во потрага по евентуални нови информации поврзани со случајот.

Инцидентот се случува во период кога Хамбург веќе воведе строги мерки за безбедност, вклучително и забрана за носење оружје во околината на железничката станица. Целта на овие мерки била токму спречување на вакви напади.

Истрагата за мотивите на напаѓачката е во тек. Полицијата апелира до јавноста за внимателност и информира дека безбедносните мерки во зоната се дополнително зајакнати.

Поврзани содржини