ХОРОР ПАД НА СКИЈАЧКА ПРЕД САМАТА ЦЕЛ Американката О’Брајан беше однесена со носилки (ФОТО+ВИДЕО)

Во меѓувреме се појавија информации дека Нина ја повредила десната нога, односно дека има скршеница на коската, додека на снегот сигурно и помагаа околу 10 минути.

509

Американската скијачка Нина О’Брајан имаше страшна несреќа на Зимските олимписки игри во Пекинг, на само неколку секунди пред да ја мине целта!

Веднаш и била укажана помош, четворица членови на медицинскиот персонал истрчале на снегот, трката привремено беше прекината, а Нина потоа со носилки беше однесена од патеката.






Американскиот тим за скијање и сноуборд потоа реагираше преку социјалните мрежи и рече дека Нина имала тежок пад, но дека била будна и реагирала.

Во меѓувреме се појавија информации дека Нина ја повредила десната нога, односно дека има скршеница на коската, додека на снегот сигурно и помагаа околу 10 минути.

 

Поврзани содржини